На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче ги сподели најновите информации за Ковид-19. Тој посочи дека денеска се оздравени рекорден број на заболени, дури 126.
-Ова е највисоката бројка на оздравени, и се надевам дека овој тренд ќе продолжи, рече Филипче.
Тој истакна дека на Инфективната клиника се примени нови три пациенти, од кои една родилка.