Добро утро: Денис: Капка сум во морето кое е полно со ваков тип космонаути. Си ја сакам работата како и сите мои колеги и ова го работиме со многу љубов и енергија бидејќи знаеме дека тоа што го правиме е за здравјето на сите нас.
Мицкоски иако фатен ин флагранте, се гледа како неколку присутни во објектот носат заштитни ракавици, сепак вели дека снимката е стара половина година.
За 24 часа над 1500 лица одговориле позитивно и го донирале повратот на ДДВ, од скенираните фискални сметки, во државниот буџет со цел справување со последиците од КОВИД-19.
Музичарите од Босна и Херцеговина ја пеат „Земјо моја“.
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје заплениле околу 2,2 килограми хероин во Арачиново и околу 2000 таблети екстази.
Рестрикциите делумно олеснети, мерките да се почитуваат. По два викенда со целосна забрана за движење овој викенд е првиот со скратен полициски час. Забраната за движење почна вчера од 15:00 часот, а ќе трае до понеделник во 5:00 часот наутро.
Во САД со новиот коронавирус инфицирани се 960.896 луѓе, што е најголема бројка во светот. САД исто така бележат и највисока стапка на смртни случаи, од последици од Ковид-19 досега починале 54.265 луѓе.
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 28 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот вирус во Косово се искачи на 731.