ЛЕКУВАЊЕТО со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
СТОПАНСКАТА комора на Македонија од утре ќе почне онлајн обуки за компаниите со цел тие полесно, поефикасно и соодветно да ги искористат владините мерки за поддршка.
ВКУПНО 88 лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатото деноноќие за периодот 26 и 27 април, при што приведени се 76 лица.
НАЈАФИРМИРАНИОТ македонски оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во Италија со нова видео снимка на социјалните мрежи. Овој пат изборот е „Чија си“ од Славе Димитров.
ДЕНОТ на трудот, 1 мај (петок), ќе биде неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија.
КОРОНАВИРУС МК: да држиме растојание од 2 метри, да не се групираме повеќе од 2 лица и да носиме заштитна опрема на лицето.
ЧОВЕЧКИОТ мозок досега навикнат на еден тип на функционирање, сега се исцрпува со конференциски состаноци преку Zoom, Hangouts, FaceTime, итн, вели студија на National Geographic.
ОД денес во Германија, задолжително носење заштитна опрема на лицето: маски, шалови, марами, итн.
ВКУПНИОТ број на заразени случаи со корона вирус во светот надмина три милиони, а само во САД се речиси еден милион лица – 987.322.