ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанска комора со онлајн обуки ќе им помага на компаниите да ги искористат мерките за поддршка

Обуката преку виртуелна училница ќе се изведува во живо и вклучува целосна интеракција на учесниците.

April 27, 2020 09:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Македонија од утре ќе почне онлајн обуки за компаниите со цел тие полесно, поефикасно и соодветно да ги искористат владините мерки за поддршка.

Како што соопшти Комората, на практичен начин ќе се обработат и презентираат донесените уредби со законска сила што се во надлежност на Управата за јавни приходи.

-Промотивно, првата онлајн обука ја организираме во соработка со Управата за јавни приходи на тема „Поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19“, која ќе се одржи утре, на 28 април, од 10:00 до 13:00 часот. Обуката преку виртуелна училница ќе се изведува во живо и вклучува целосна интеракција на учесниците, вели оперативниот директор на Стопанската комора, Анета Трајковска.

Според неа, неизбежно е во овој вонреден период сите да го приспособат своето работење и да пристапат кон зголемена примена на дигиталните технологии и услуги, тие да станат приоритет во секојдневното работење.

Директорката информира дека Комората изврши набавка на опрема и претплата на еден од најквалитетните онлајн-софтвери за видео-конференциски врски која обезбедува стабилна конекција за голем број учесници и истовремено организирање на повеќе настани, со што во овој вонреден период ќе го приспособи целосно работењето.

-Преку примена на софистицирани дигитални технологии продолжуваме со континуирана организација на настани, состаноци, конференции, бизнис-форуми, прес-конференции и едукација, а со тоа продолжуваме и во остварувањето на целите на нашето постоење. Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики можеби и ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење на сите нас, наведува директорката.

Стопанската комора на Македонија минатата година организираше преку 225 настани (состаноци и расправи за компаниите, конференции, форуми, проектни активности, презентации) на здруженијата според дејности и преку регионалните комори, одржа 48 прес-конференции и повеќе од 40 бизнис-настани кои беа медиумски поддржани, а само преку Центарот за едукација беа организирани 120 едукативни настани на кои учествуваа 2.700 посетители.

Next Post

Бројот на заразени со корона вирус во светот надмина 3 милиони

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk