Клиниката за инфективни болести доби „УВ Гард“ за дезинфекција од вируси и бактерии, донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.
Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа твитер, исто така објави статус со кој го поздрави хуманиот гест на двајцата иноватори, пишувајќи „Инфективната клиника доби донација апарат „УВ Гард“ за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии. Благодарност за изумот на иноваторите Ивица Поцков и Никола Глигоров. Здравствените работници кои се во првите борбени линии ја заслужуваат нашата најголема поддршка.“
Клиниката за инфективни болести доби „УВ Гард“ за дезинфекција од вируси и бактерии, донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров pic.twitter.com/Py63APOqg5
— Министерство за здравство (@ZdravstvoMK) April 27, 2020