Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се земе плазма од еден пациент кај кој е утврдено дека е во фаза во која има антитела што можат да се дадат на заразен пациент, и озонотерапијата со оној апарат што го има кај нас ќе почне во болницата „8 Септември“. Има соодветни индикации, не може кај било кого да се аплицира, рече Филипче.
Министерот Филипче рече дека сепак, точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.