Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен вулгарниот човек кој „урлаше“ среде Скопје и ќе биде соодветно санкциониран. Видето до кое дојде Фронтлајн содржи експлицитно вулгарен говор на омраза.
„Во врска со видео материјалот кој денеска се споделува по социјалните мрежи, на кој се гледа лице кое го нарушува јавниот ред и мир и непристојно се однесува, МВР ја известува јавноста дека лицето Х.Ј. е приведено и дека против него ќе биде поднесен поднесок по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци“, се вели во соопштението на МВР.
Во видео што се рашири по социјалните мрежи, снимено во Скопје, се гледа човек како упатува погрдни зборови кон припадници на семејства на високи државни и партиски функционери.
На видото со вознемирувачка содржина, човек качен на кров од кола паркирана на сообраќајна лента пред Зелен Пазар, извикува погрдни и недолични пцовки кон сопругата на претседателот Стево Пендаровски, но и кон ќерката на лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев.
Реакциите на социјалните мрежи се, пред сѐ, за недоличноста на овој чин, но многумина и го прозваа министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, од редовите на ДПМНЕ, да реагира својствено и навремено на овој немил настан.