Кревети за интензивна нега, респиратори, аспиратори, перфузори, инфузиомати, мобилен рендген, ехо апарати… е опремата која веќе од наредната недела ќе ја набавува Министерството за здравство со средствата собрани од донациската сметка за справување со Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која истакна дека во моментов се собрани близу 90 милиони денари.
„Веќе е спремна документацијата за тоа што ни треба и веќе во овие денови коишто се пред нас јас верувам дека до крајот на неделата, таа постапка во која што ќе се користат овие средства и средства од буџетот на Министерството за здравство ќе се користат да се набави токму ваква опрема“, рече Филипче.