Во видео што се рашири по социјалните мрежи, снимено во Скопје, се гледа човек како упатува погрдни зборови кон припаднци на семејства на високи државни и партиски функционери.
На видото со вознемирувачка содржина, човек качен на кров од кола паркирана на сообраќајна лента пред Зелен Пазар, извикува погрдни и недолични пцовки кон сопругата на претседателот Стево Пендаровски, но и кон ќерката на лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев.
Реакциите на социјалните мрежи се, пред сѐ, за недоличноста на овој чин, но многумина и го прозваа министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, од редовите на ДПМНЕ, да реагира својствено и навремено на овој немил настан.
Предупредуваме за експлицитно вулгарен говор на омраза што се слуша во видео снимката.
Пуштај короната Венко, све нека не потепа. ? pic.twitter.com/ateF93F6DM
— Мијакот ?? ?? (@Mijakott) April 27, 2020
А. Н. С.