На својот Фејсбук профил претседателот на СДСМ Зоран Заев потсети на случувањата во Собранието на 27 април со порака да не се заборават и да не се повторат.
-Поминаа три години од крвавиот четврток – 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта, во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори!, напиша Заев на Фејсбук.