ВО текот на изминатото деноноќие потврдени се шест смртни случаи од корона вирус во Македонија, заразени се уште 22 лица, а оздравеле 36, информира Министерството за здравство.
МИНИСТЕРОТ за образование и наука, Арбер Адеми на својот фесјбук профил објави дека на интернет се појави фотографија од фалсификуван документ, на кој како Уредба донесена од Владата, се вели дека продолжува школската година за 2019/2010 за сите основни и средни училишта.
ФИЛИПЧЕ: На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против корон ависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот.
ВЛАДАТА на денешната седница донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
ЗАЕВ: Апелирам и на овој ден, многу е важно да се обезбедат сите услови за безбедна работа. Работодавачите да ги прифатат и спроведат сите мерки за безбедни работни места, а работниците да се грижат за личната заштита, за да се заштитат себеси и своите колеги.
ВО ВРЕМЕ кога државата е соочена со економските последици предизвикани од коронавирусот, Владата продолжува со спроведување на мерките кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните, работниците и на стопанството – изјавуваат од СДСМ.
АСОЦИЈАЦИЈАТА на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс денес излезе на протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.
СУГАРЕСКИ: Демократско право е на секој да протестира. Ние во изминатите три години се изборивме за слобода и демократија за разлика од она што беше режим кога буквално беше спречено правото на протест.
ЕВРОКОМЕСАРОТ за внатрешниот пазар на Европска Унија, Тиери Бретон, кој вчера учествуваше на министерскиот совет за туризам, изјави дека последици врз овој сектор ќе бидат огромни и дека Европската Комисија се залага да му помогне.
ДВЕТЕ момчиња кои навредуваа и тепаа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимале на мобилниот телефон денеска пред судот изразиле каење и вина за стореното дело.
ПО повод Денот на кралот – Националниот ден на Кралството Холандија, холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денеска симболично подари 1.100 лалиња и стотина книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик, за здравствените работници, како и за пациентите заболени од корона вирус.
ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА почна првата фаза за испитување вакцина против корона вирусот, во која е предвидено да бидат вакцинирани околу 1.100 волонтери на возраст меѓу 18 и 55 години, од кои половината ќе примат вакцина против Ковид-19, а останатите контролна.
ДВАЈЦА полициски службеници од Париз се суспендирани откако беа снимени како употребуваат исклучително навредлива расистичка реторика.