ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Влада: Имаме најниски цени во регионот, промената на акцизата на нафтата нема негативен ефект врз транспортната дејност

Од Владата појаснуваат дека цената на акцизата на нафтата нема предизвикано никаков ценовен шок, и дека всушност имаме најниска цена на нафта во регионот и најниска цена во изминатите 10 години. 

April 28, 2020 14:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме најниски цени на нафтените деривати во регионот и најниска цена во изминатите 10 години, а промената на цената на акцизата нема никаков негативен ефект врз транспортната дејност, соопшти денеска Владата.

-Владата на Република Северна Македонија го уважува демократското право на протест на сите граѓани во земјата, но ја информира јавноста дека цената на акцизата на нафтата не предизвика никаков ценовен шок, напротив, имаме најниска цена на нафта во регионот и најниска цена во изминатите 10 години. Сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата одат во Буџетот за справување со коронавирусот за поддршка, за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и за социјалните мерки за поддршка на граѓаните, соопшти владината прес-служба.

Посочуваат дека цената на акцизата е дефинирана врз основа на анализите кои покажаа дека промената на цената е незначителна во споредба со падот на цената на нафтата од јануари до сега.

-Со падот на цената на нафтата од нешто повеќе од 20 денари од почетокот на годината до сега, промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со ова големо намалување. Северна Македонија има најниска цена на нафтените деривати во регионот. Цените на еуросуперот 95 и еуродизелот БС во нашата земја изнесуваат 49.5 и 42.5 денари, додека во Бугарија се со цена од 59.7 и 57.24 денари, а во Србија со цена од 78.16 и 73.12 денари за двата вида гориво. Во Косово, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Грција цените се исто така доста повисоки во однос на цените во нашата земја, потенцираат од Владата.

Дополнително, додаваат, ако се направи споредба на цената на дизелот изминатите 10 години на денешен датум, може да се забележи дека во 2020 година имаме најниска цена на дизел споредбено со сите години од 2010 година до денес.

-Компаниите од транспортната дејност се поддржани и преку Развојна банка со антикризните мерки, при што од вкупно одобрените 4,7 милиони евра за бескаматни кредити, 2,1 милион евра се одобрени токму на компании во транспортната дејност. Поради изнесените факти, тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани, нагласуваат од Владата.

Во услови кога цената на нафтата е падната за 20 денари, прецизираат, зголемување на акцизата од три денари како анти-кризна мерка е оправдано и нема да се одрази на цените на транспортните услуги.

-Напротив, транспортните компании на почетокот на годината кога ги креирале своите финансиски планови не предвиделе ваков пад на нафтата, согласно тоа веќе остваруваат заштеди по основ на цените на нафтата кои ги плаќаат.  Напоменуваме дека предложениот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза заради коронавирусот, посочувааат од Владата.

Next Post

(ВО ЖИВО) Онлајн прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk