Градоначалникот на скопската општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил објави статус за несовесното и неодговорно работење на претходната локална власт.
При градежни активности на улицата 9 Мај во Центар, утврдени биле недостатоци од последната реконструкција на улицата во 2009 година.
Богдановиќ во својот статус посочи на непочитување на стандардите по кои би требало да се вршат реконструкции, објавувајќи слики на кои јасно се гледа дека на улицата 9 Мај, наместо потребниот слој од 9 сантиметри, нанесен бил асфалтен слој од 3 сантиметри, што е само третина од потребното.
Градоночалникот нагласи дека таквото неодговорно работење во Центар е минато и информираше дека општината ќе отвори постапка за вештачење за овој случај.
А. Н. С.