Градоначалникот на Град Скопје на Фејсбук истакнува дека без оглед на одлуката на Уставниот суд, разликата од неговата плата до 14.500 денари ќе ја уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.
Шилегов вели дека живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност и дека државните функционери (секој од нас поединечно), треба да предначат во тоа чувство на одговорност.
„Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас.“ пишува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.