„Денес имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од ковид- 19 во нашето инфективно одделение. 85 годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал“, споделија од болницата на Фејсбук.
Според вчерашната статистика, во Прилеп вчера се регистрирани четворица излекувани пацинети од вкупно 36 во цела држава.
Бројот на заболени во овој град е 143 од вкупно 1 421 заболен од ковид 19 во нашата земја.