ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расте бројот на функционери кои ќе земаaт минимална плата, а остатокот ќе го донираат

Како донатори за фондото за справување со Ковид-19 се пржиклучија и градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажески,  Охридскиот градоначалник Константин Георгиески и генералниот директор на АДСДП-Кристијан Трајковски.

April 29, 2020 11:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашната одлука на Уставен суд за привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија кои се однесуваа на намалување на платите на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците како мерка против влијанието на корона вирусот врз економијата голем дел од функционерите решија делот од својата плата да го донираат.

 

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов реши  да задржи 14.500, а остатокот од платата да го уплати во фондот за борба против корона.

-Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност. Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас. Секој е важен. Секој човек е важен. #СедиДома – напиша на фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Директорот на Центарот за култура во Куманово „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски , одлучи за април и мај да земе плата од 14.500 денари, а останатите средства да ги уплати на сметката Фондот за борба против епидемијата од вирусот КОВИД- 19.

– Како директор, без разлика на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Фондот за борба против епидемијата од вирусот КОВИД-19, – напиша директорот Тодоровски.

На листата се најди и  градоначалник на Штип Благој Бочварски и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кои најавија дека ќе ја земаат минималната плата, а останатиот дел ќе го донираат во фондот за борба против Ковид-19.

-Јавно ја поздравив одлуката за солидаризирање, хуманост и поддршка на институциите во борбата со корона вирусот.Останувам на ставот дека јас како избрано лице треба да добијам минимална плата, а останатиот дел ќе го донирам во фондот за борба против Ковид-19, без разлика на тоа каква ќе биде одлуката на Уставниот суд.Ова е борба на целото човештво против оваа пандемија, затоа нема место за калкулации, потребна е заедничка акција, да помогнеме, да дадеме свој придонес, да се солидаризираме, изјави, Бочварски .

Како донатори за фондото за справување со Ковид-19 се приклучија и градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажески,  Охридскиот градоначалник Константин Георгиески и генералниот директор на АДСДП-Кристијан Трајковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Што треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk