Последните сознанија за материи кои му штетат на корона вирусот водат кон влијанието на никотинот врз корона вирусот. Нискиот број на хоспитализирани пушачи во една болница во Париз доведе до масовно купување на никотински производи, по што министерството за здравство на Франција издаде наредба да се забрани продажба на големи количини никотински производи.
Официјален Париз ја ограничи продажбата на никотински производи минатиот викенд, забранувајќи и онлајн продажба, со цел да се избегне недостиг на никотински гуми за џвакање и фластери по аптеките и продавниците.
Информацијата дека никотинот влијае негативно на вирусот Ковид-19 брзо се рашири низ светот, иако текстот кој го тврди ова сѐ уште не е ни ревидиран и одобрен од експерти од истата бранша.
Оваа теорија се смета за прифатлива затоа што во една болница во Париз бројот на пушачи хоспитализирани за Ковид-19 бил многу помал од очекуваното, земајќи ја предвид стапката на пушачи во земјата. Дополнителна студија се надоврзува и на начините на терапија.
Со оглед на тоа дека Ковид-19 се манифестира со воспаление на белите дробови кои се поранливи кај пушачи, збунува заклучокот што цигарите во целост влијаат негативно на респираторниот систем, а никотинот се бори против корона вирусот.
СЗО сепак, стои на ставот дека пушачите се поранливи на вирусот заради почестото допирање на цигарата со устата, како и поголемата склоност кон респираторни заболувања заради употребата на цигари.
А. Н. С.