СПОРЕД последните податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 3.229.816 лица. Од нив починале 228.376, а оздравеле 1.006.988 луѓе.
ОТСЕКОТ за економски криминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против И.Г. (38) од Струмица, вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за сторено кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од кривичен закон – известуваат од МВР.
МВР го демантира Чулев, или Чулев се демантира самиот себе?
ТАЛАТ Џафери во улога на Лорд Перси – Колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа.
ВО изминатото деноноќие 51 лице на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи.
СПОРЕД извештајот на Светска банка нашата држава ќе претрпи најмала штета во однос на останатите во регионот. Односно пад на економијата од 1,4 до 3,2 проценти – изјавуваат од СДСМ.
СЗО: Повеќето деца кои се позитивни на корона вирус, имаат благи симптоми и се опоравуваат целосно, но многу мал број развиваат редок инфламаторен синдром во некои држави.
ЗДРУЖЕНИЕТО на џез-музичари го одбележува Меѓународниот ден на Џезот, 30 април и информира дека ќе приредат концерт што ќе биде прикажан на нивната фејсбук страница преку онлајн видео-стриминг. Стримингот ќе се одвива и на фејсбук страниците на Град Скопје и на Младинскиот културен центар.
СЛОВЕНИЈА најави дека од 18 мај почнува со постепено отворање на училиштата и градинките.
ВЛАСТИТЕ во Германија го прогласија Хезболах за терористичка организација и забранија нивна активност на германско тло. Во моментов полицијата спроведува рации врз четири здруженија поврзани со исламистичката група.
И. Ежова