ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Онлајн концерти по повод Денот на џезот, 30 април

Во текот на целиот ден ќе можат да се проследат неколку концерти на врвни македонски музичари и групи.

April 30, 2020 08:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на џез-музичари со поддршка на Град Скопје и Младинскиот културен центар денеска ќе го одбележи 30 април, Меѓународниот ден на џезот, јавува МИА.

Од Здружението информираат дека ќе приредат концерт што ќе биде прикажен на нивната фејсбук страница преку онлајн видео-стриминг. Стримингот ќе се одвива и на фејсбук страниците на Град Скопје и на Младинскиот културен центар.

Во текот на целиот ден, посочуваат, ќе можат да се проследат неколку концерти на врвни македонски музичари и групи: соло настап на Антоние Весковски, концерти на „Кабадајас“ и на „Зулу 3.4“, концерт на групата „Светлост“, како и на бендот на Михаил Парушев и на групата „3ject“.

– Ќе имаме можност да слушнеме и настап на ЗЏМ Колектив – комбо ансамбл составен од изведувачи кои се членови на Здружението на џез-музичари и кои и се веќе добро познати на македонската џез-публика. На труба ќе го чуеме Трајче Велков, алт саксофон – Кирил Кузманов, пијано – Гордан Спасовски, тапани – Гоце Стевковски и бас – Дарко Мучев. Како специјални гости на овој концерт ќе се појават Џијан Емин на пијано и Ѓорѓи Шарески на гитара. Ќе биде изведена оригинална музика од членовите на ансамблот, информираат од Здружението на џез-музичари.

Време е за ЏЕЗ!

На 30 Април, на Меѓународниот ден на џезот, ЗЏМ заедно со Град Скопје и МКЦ, ќе ја слават џез-музиката!
Со оглед на пандемичната ситуација во која се наоѓаме, оваа година Денот на џез-музиката ќе биде одбележан на малку поинаков начин. Здружението на џез-музичари ќе приреди концерт кој ќе биде прикажен на својата фејсбук страница преку онлајн видео-стриминг. Стримингот ќе се одвива и на фејсбук страницата на Град Скопје, како и на фејсбук сртаницата на Младинскиот културен центар.

В четврток, во текот на целиот ден, ќе имаме можност да проследиме неколку концерти на врвни македонски музичари и групи: соло настап на Антоние Весковски, концерти на „Кабадајас“ и на „Зулу 3.4“, концерт на групата „Светлост“, како и на бендот на Михаил Парушев и на групата „3ject“.

Секако, ќе имаме можност да слушнеме и настап на ЗЏМ Колектив – комбо ансамбл составен од изведувачи кои се членови на Здружението на џез-музичари и кои и се веќе добро познати на македонската џез-публика. На труба ќе го чуеме Трајче Велков, алт саксофон – Кирил Кузманов, пијано – Гордан Спасовски, тапани – Гоце Стевковски и бас – Дарко Мучев. Како специјални гости на овој концерт ќе се појават Џијан Емин на пијано и Ѓорѓи Шарески на гитара. Ќе биде изведена оригинална музика од членовите на ансамблот.

Перкусионистот Антоние Весковски со својот проект насловен „AVP Project“, со песни од неговиот албум „Wonderland“ кој набрзо треба да го види светлото на денот. Неговиот сет се состои од повеќе инструменти на кои свири – маримба, вибрафон, клавијатури, бас, гитара и перкусии.
„Кабадајас“ се: Дејан Милосављевиќ на тапани, Зоран Костадиновски на гитара и Ѓоко Максимовски на бас, кои ќе изведат композиции од нивните два студиски албуми, како и нов материјал кој е во подготовка за снимање, додека на концертна изведба на „Зулу 3.4.“ ќе слушнеме композиции од нивните два студиски албуми „FM to AM“ и „Expandability“.

Концертот на бендот „Светлост“, ќе претстави дел од нивниот композиторски и изведувачки опус, како и нови композиции, но и музика која спонтано ќе произлезе од нивните креативни мигови.
Во авторскиот проект на тапанарот Михаил Парушев насловен „Jazz fusion proekt“ се и: Зоран Костадиновски на гитара, Мартин Јосифовски на бас, Александар Николовски на труба и Филип Димишковски на пијано.

„3јеct“ е најновото возило за сонично истражување на тројца музичари со разгорени умови и нескротлива побуда за трасирање на музички автопати со нагласен дефицит на знаци и ленти. Поробени од најголемата слобода на „свирење од нула“, потпкрепени од вградени параметри, создаваат ненадејна музичка емпатија која потекнува од незабиколниот индивидуализам на тројцата музичари. „HOMEVERSE“ го документира нивниот иницијален поход кон непознатото и е своевидна ода на Мајката Вселена и нејзиниот modus operandi, стои во статусот со најава за денешниот онлајн концерт на Здружението на џез-музичари и Слободни Уметници.

На Фејсбук профилот на Здружението, вчера беше објавен редоследот на настапите на онлајн концертот.

А. Н. С.

 

Next Post

(ВИДЕО) МВР го демантира Чулев, или Чулев се демантира самиот себе?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk