ПОЛИЦИЈА упаднала во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакувале прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини.
ПОДДРШКАТА од Светска банка за Република Северна Македонија за справување со последиците од Ковид -19 кризата, ќе изнесува околу 140 милиони евра.
ИМАМЕ повеќе капитални инвестиции и зголемени плати во неколку сектори – Изјави Битиќи на денешната прес-конференција.
ФРОНТ: Дерала: Кој и зошто не сака реактивирање на Собранието?
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на СДСМ Љупчо Николовски соопшти дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот.
ПОЛИЦИСКИТЕ структури на ВМРО-ДПМНЕ и Наќе Отсјај нема да ја спречат македонската солидарност – изјавуваат од СДСМ откако полицијата изврши упад во магацини во Струмица.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска во „Вила Водно“ прими припадници на Армијата, кои учествуваат во справувањето со пандемијата на Ковид-19.
РАДОВИШКАТА полиција поднесе кривична пријава против Игор Гоцевски, вработен во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за сторено кривично дело примање поткуп.
ХУМАНИ волонтери во Струмица беа заплашувани од режимските структури на Чулев и Мицкоски – изјави Заев на својот фејсбук профил.
ЗАБЕЛЕЖАН е рекорден број на оздравени пациенти, дури 111, а по спроведени речиси 400 тестирања само во последното деноноќие, евидентирани се 23 нови позитивни случаи на корона вирус според најновите податоци на Министерството за здравство.
ВО услови на полициски час во Србија кој почнува во 18 часот, незадоволството на граѓаните и поддршката за власта од друга страна се префрли по прозорците, преку терасите и по покривите на зградите.
И.Ежова