Полиција упаднала во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини, јавува А1 он.
Волонтерите, наместо дома, до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што даваа исказ. Во акцијата на полицијата била вклучена и дежурната јавна обвинителка Лидија Георгиева, која наредила хуманитарната помош да не биде транспортирана додека не се достават документи за потекло на стоката.
Претседателот на невладината организација, Александар Маркоски, појаснил дека испратниците и фактурите не ги чуваат во магацин и дека тие се кај донаторите на стоката, односно семејството Заеви, но не наидоа на разбирање од страна на инспекторите.
Адвокатот на невладината организација, Илин Тодоровски, за „А1он“ вели дека акцијата е спроведена како на филм додавајќи дека е нелогично во 11 часот навечер да бараш испратници и фактури за потекло на стоката, која е хуманитарна помош. Објаснувањето е дека се постапува по пријава за што Тодоровски се сомнева.
Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, вели дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви, а хуманитарната акција е стопирана бидејќи не им одговара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој и натаму бара да се кажат мотивите за спречување на хуманитарната акција.
Целиот текст тука