Полиција со шест полициски возила изврши упад во магацини во Струмица во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини.
Во акцијата на полицијата се гледа политичка заднина на сето тоа, бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви, а хуманитарната акција е стопирана од полициските структури кои се под контрола на Наќе Чулев.
Во соопштението од СДСМ се вели дека е скандалозно тоа што структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски, наместо да помагаат во ова време на криза, тие на било кој начин гледаат како да им одмагаат на граѓаните.
„Скандалозно е тоа што структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција. За време на оваа криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин гледаат како им одмагаат на граѓаните. Тие не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да грабаат од граѓаните.
Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО.
Скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Наќе Отсјај ја злоупотребува полицијата во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
Законите мора да важат за сите и за оваа злоупотреба одговороност мора да има.
Очекуваме МВР и сите надлжени институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат на јавноста кој ќе понесе одговорност.
Хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политика, тоа се морални и човечки вредности.
Ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи хуманоста. ВМРО-ДПМНЕ со нивните полициски структури нема да ја спречат македонската солидарност.“, се вели во соопштението на СДСМ.