Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска информираше дека уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите, пренесе Слободен печат.
За средните училишта Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени протоколи.
Адеми, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите, како што кажа, идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба.
Приемен испит или квалификационен испит, додаде тој, се организирало и до сега доколку повеќе лица имаат ист број на бодови.