Како што нè брифираа владини извори пред некој ден, кога се разговарало за мерките кои треба да се преземат од страна на Владата за првомајските празници, Министерот Чулев на владин штаб и на владина седница, влегол во оценка на психичкото и социјалното однесување на граѓаните, тврдејќи дека граѓаните биле агресивни.
Неколу часа после нашата објава, МВР излезе со демант во кој се вели: Министерот Чулев во ниту еден момент и дискусија не ги нарекол граѓаните „агресивни“.
Министерот, пак, Наќе Чулев, во гостувањето на 24 ТВ, се демантираше самиот себеси.
Чулев: Забележуваме зголемена агресија кај граѓаните.
Ј. Ѓ.