Министерот Филипче со Фејсбук статус упати благодарност до неговите колеги кои неуморно водат битка со пандемијата со цел зачувување на јавното здравје.
Министерот сподели и неколку фотографии од колеги кои во текот на целиот вонреден период постојано се на нивните работни места.
Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до нив и сите здравствени работници кои неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места.
До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.
Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.
Заедно ќе надминеме!, напиша на Фејсбук министерот Филипче по повод Денот на трудот, 1 мај.
А. Н. С.