ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Годинава нема државна матура, школската година завршува на 10 јуни

Годинава нема да се полага државна матура, а за уписи на факултетите ќе се полага квалификационен испит доколку повеќе кандидати имаат ист број на поени.

May 1, 2020 07:23
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна 2019/2020 година за ученици од завршните години во средните училишта.

Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години. Владата на вчерашната седница усвоила сет мерки од образованиот план, што произлегоа по воведувањето вонредна состојба во земјата поради спречувањето на ширењето на Ковид-19.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека со овие мерки ќе се овозможи матурантите да избегнат стрес и да се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи, односно до крајот на учебната година ќе се реализира настава од далечина. Адеми апелираше и ги охрабри, како што рече, сите учесници во воспитно образовниот процес максимално да се ангажираат и продолжат да ги извршуваат своите обврски и да се даде заеднички придонес за квалитетот на далечинското учење, да се издигне колку што е можно повеќе над оптималното ниво.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули, а сите оние кои не ги запишале своите деца и не ја исполниле законската обврска ќе добијат писмено потсетување.

Во однос на уписите на високообразовните установи на прв циклус академски стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите во академската 2020/2021 година ќе може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура заклучно со учебната 2018/2019 година, потоа лице кое завршило четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведување на државната матура и секако лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, соопшти министерот за образование.

– Имено, ова значи дека покрај лицата со положена државна матура во некоја од изминатите години или меѓународна матура на факултет во земјава ќе можат да се запишат и сите лица кои се стекнале со диплома за завршено четиригодишно средно образование во оваа учебна година, рече Адеми.

Владата усвои уште една мерка која е поврзана со високото образование, а се однесува на продолжување на важноста на студиските програми на сите три циклуси чија важност, акредитација престанала во академската 2019/2020 година со уште една дополнителна година.

Адеми, исто така, соопшти дека за континуирано обезбедување наставен кадар во насока на непречена реализација на далечинското учење, на сите наставници кои до денот на прогласување на вонредна состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година. Воедно ќе се обезбеди и соодветна замена за секое испразнето работно место на наставник.

Владата донела одлука и за продолжување на мандатите на раководителите и управителите во основните и средните училишта, доколку тие им истекуваат или се истечени за време на вонредната состојба.

– Мандатите ќе бидат со важност до 90 дена по престанокот на вонредната состојба, рече Адеми.

Уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите, појасни министерот одговарајќи на новинарски прашања. Во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени и соодветни протоколи.

Адеми, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите, како што кажа, идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба.

Приемен испит или квалификационен испит, додаде тој, се организирало и до сега доколку повеќе лица имаат ист број на бодови.

На владината седница беа усвоени и друг сет мерки, кои заедно со овие ќе бидат дополнително прецизирани со донесени уредби од страна на Владата во следниот период.

Со овие сет образовни мерки, според Адеми, ќе се обезбеди непречено функционирање на воспитно образовниот систем на овие вонредни околности и услови предизвикани од појавата и ширењето на Ковид 19.

Мерките се предложени од страна на МОН, а изготвени во соработка со низа други надлежни институции во областа на образованието со поддршка на граѓанскиот сектор и партнерските организации и истите го гарантираат остварувањето на правата на граѓаните во областа на образованието.

Продолжува и реализацијата на сите останати права во областа на образованието, како на пример исплатата на парични надоместоци по основ на стекната стипендија, некои од еднократните парични надоместоци како финансирање на објава на научни трудови и слично.

– По завршување на вонредните околности објавен е и повик за покривање на трошоци за пат и котизација за основци и нивните ментори за учество на меѓународни натпревари. Ова е наша обврска која што произлегува од новиот Закон за основно образование и должни сме да ја исполниме, рече Адеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk