Околу 2 часот по полноќ, изби голем пожар кај Трговскиот центар Мавровка.
На местото на настанот излегле полициски службеници кои констатирале дека локалот изгорел во целост.
Во гаснење на пожарот учествувале 21 пожарникар кои успеале да го локализират огнот.
Причинета е материјална штета, но нема повредени.
Причината за пожарот сè уште не е позната. Во текот на денот ќе бидат познати повеќе информации за пожарот.
А. Н. С.