Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи со Ковид-19. Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
Надвор од ЕУ нема Македонија.
Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборуваме да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, истакнал претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ. Чекај, малку, бе, каква е оваа изјава? Хорхе го рекол ова или Пендаровски? А ако цената да бидеме Македонци е скапичка, ако да речеме условот е да бидеме кретени, треба ли речеме ни треба да бидеме Македонци! Или будали!, пишува новинарот Бранко Тричковски.
СДСМ: Криминалното однесување на ВМРО-ДПМНЕ на дело, функционер на оваа партија фатен како бара поткуп од земјоделец. Полицијата поднесе кривична пријава за Игор Гоцевски преку Јавното обвинителство во Струмица откако го приведе со обележани банкноти во износ од 36 000 денари. Гоцевски е член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ во Струмица, а го води партискиот центар за аналитика. Тој е дел од тимот на Христијан Мицкоски и ја спроведува криминалната политика на ВМРО-ДПМНЕ која со закани и страв сака да ги држи граѓаните под контрола.
Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките.
Помошта ќе се исплатува по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето.
Атанасов: Граѓаните да бидат спокојни, инспекторите се постојано на терен. Покрај редовните, интензивно вршат и засилени, вонредни контроли. КОВИД-19 не може да се пренесе преку храната, со нејзина консумација, но може при механичко манипулирање – преку пакувањата на производите во маркетите. Затоа сите, како потрошувачи, мора да се придржуваме до препораките, заедно да придонесеме во борбата против коронавирусот, вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.
ЦИВИЛ МЕДИА: Лажна вест е дека Шилегов отстранува канделабри.
Приведени 98 граѓани за непочитување на полициски час.
Штипјанецот Панче Наумов со наука го освојува светот, тимот со кој раководи работи на развивање вакцина против Ковид-19.
Ким Џонг-ун се појави во јавноста на отворање на фабрика. Ким последен пат е виден на 11 април на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија на Кореја.
Шпекулациите за неговото здравје започнаа да циркулираат бидејќи тој не успеа да се појави на 15 април за да го прослави најважниот национален празник, годишнината од раѓањето на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.