ДЕРКОСКИ: „Ние како Државна изборна комисија сме подготвени да организираме избори, меѓутоа подготвени да организираме избори во нормална атмосвера и нормални услови“, вели Оливер Дерковски во изјава за Тв21.
ФИЛИПЧЕ: „Никогаш досега, ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој беше на почетокот на оваа криза закажан, не беше предмет на дискусија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките. Се што се предложи од Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани на прво место да биде здравјето на граѓаните. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму“.
Во БЕРОВО се поделени 70 прехранбени и 70 хигиенски пакети наменети за ромската заедница во градот. Активноста се реализираше со поддршка на волонтери од невладината организација „Сонце“ од Тетово и во соработка со Црвениот крст и фондација „Отворено општество-Македонија“.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на поголема заштита на новинарите, нагласувајќи дека тие нудат „противотров“ на пандемијата дезинформации што ја придружува кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот.
ЕВРОПСКАТА УНИЈА предупреди за пад на слободата на медиумите ширум светот, во момент на пандемија на новиот корона вирус.
„Загрижувачки е што пандемијата Ковид-19 во некои земји се користи како изговор за наметнување неоправдани ограничувања на слободата на медиумите, рече Жосеп Борел, висок претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, во изјава во име на блокот од 27 нации.