ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Се намалуваат индикациите за тестирања од Ковид -19

Тој нагласи дека се намалуваат индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и тоа, како што истакна, води кон насока на стивнување на епидемијата со коронавирусот, како што се очекуваше во овој период.

May 2, 2020 07:52
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава се активни шестотини и шест случаи на лица заболени од корона вирус. Досега беа регистрирани 1.494 заболени од Ковид-19. Починаа 81 лице, а излекувани се 807 лица.Во земјава досега се направени  вкупно 16.798 тестирања на Ковид -19.  Времетраењето на полицискиот час е намалено, но, властите наложија задолжително носење на заштитна опрема, како маска, шал или марама, со цел да биде прикриен пределот околу устата и носот. За непочитување на мерките од вчера следуваат прекршочни казни.

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека земјава го избрала идеалниот модел за справување со пандемијата од Ковид-19.

Тој нагласи дека се намалуваат индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и тоа, како што истакна, води кон насока на стивнување на епидемијата со коронавирусот, како што се очекуваше во овој период.

 

Филипче најави дека деновиве ќе започне лекувањето со крвна плазма од оздравени пациенти од корона вирус, како и со озонотерапија. Истакна, дека крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои експертите ќе оценат дека е соодветна за нив.

Во однос на лекувањето со крвна плазма, шефицата на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, Џихан Тавила,  за МИА изјави дека оваа терапија сè уште се смета за експериментална и емпириска и сè уште не се знае многу за нејзината ефикасност.

– СЗО сè уште нема на располагање докази дека крв земена од пациенти во конвалесцентна фаза од лекувањето од САРС-Ков-2 или инфекции од други коронавируси дава резултати во третманот. Ова лекување се користи само како емпириски третман и податоците што се достапни се само од мал број пациенти, нагласи Тавила.

 

Во моментов, освен некои експериментални третмани, не постои лек или вакцина за превенција против Ковид-19.

Тавила наведе дека нема фармацевтски производи или медицински процедури што се покажале како безбедни или ефективни во лекувањето на Ковид-19.

– Но, посочени се неколку лекови и други медицински процедури како потенцијални третмани и тие се во фаза на истражување. Многу од овие третмани се тестираат или наскоро ќе бидат дел од клинички тестирања, меѓу кои и тестирањето „Солидарност“, кое е коспонзорирано од СЗО и земјите учеснички, нагласи шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемеди нагласи дека има време за укинување на вонредната состојба, посочувајќи дека може да бидеме порелаксирани само кога бројката на позитивни случаи на Ковид-19 ќе стигне под 10.

 

– Мерките уште ќе се олабавуваат, но треба да се почитуваат препораките, носење на маски и социјалната дистанца како најглавни мерки, потенцираше Мемеди.

Тој  рече дека „одиме во насока на победа“ над коронавирусот, констатирајќи дека државата од почетокот на состојбата досега добро се справува. Мемеди рече дека ако се прави споредба со позитивни резултати на коронавирусот, бројката изминатите денови се намалува, а со тоа и смртноста.

Министерот за здравство информираше дека  веќе се изготвени сите протоколи за функционирање на многу други сегменти, општествени и економски оператори, фабрики и јавен превоз итн.

– Во текот на следната недела тие ќе бидат официјализирани после финалните консултации со сите кои ги засегаат, со цел да се слушнат евентуални сугестии, после што ќе ги презентираме јавно исто како и временскиот период во кој ги очекуваме овие да ги наречам попуштања на рестрикциите. Сето тоа ќе биде постепено со цел да не се создадат гужви, ниту да се создадат услови за масивни собири, истакна Филипче.

Во однос на носењето на заштитна опрема, од Владата информираа дека ќе се казнува прекршочно.

Предвидени се казни во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност.

-Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, соопштија од Влада.

Истакнаа дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица, но овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk