ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Клеменс Која, ОБСЕ: Не се сомневав дека нашите колеги од ОДИХР ќе останат посветени да го продолжат изборниот мониторинг во Северна Македонија

May 2, 2020 15:34
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ОДИХР многупати до сега ги набљудувала изборите во оваа земја и воопшто не се сомневаме дека нашите колеги од Варшава ќе останат посветени да го продолжат изборниот мониторинг во Северна Македонија.

Ова во интервју за МИА го порача шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, кој одговори на прашањето дали ОДИХР се подготвени да продолжат со најавената мисија, откако на почетокот на март на прес-конфренција ја соопштија мисијата за предвремените парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април, но се одложија поради пандемијата на Ковид-19.

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на 3 март одржа прес-конференција на која најави дека со 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и со претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи ќе го набљудува гласањето, кое се одложи поради тоа што земјава сега се справува со епидемијата.

ОДИХР во земјава досега набљудувала 18 избори, а кога ќе ја спроведе својата 19 мисија се уште е неизвесно со оглед на состојбата со коронавирусот и неизвесноста кога би се одржале парламентарните избори.

Амбасадорот Која во интервјуто за МИА говори за тоа како мисијата на ОБСЕ се справува со епидемијата на Ковид-19.

Вели рестрикциите кои што произлегоа од состојбата со коронавирусот имаат влијание врз сите, но тоа е повеќе изразено кај некои групи на граѓани. Меѓу најранливите се жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените лица.

Во интервјуто, Која говори за  донациите, кои мисијата ОБСЕ ги доделила за полицијата, здравствените работници, новинарите и нагласува дека мисијата во моментов работи и со Министерството за труд и социјална политика за донација на основни прехранбени пакети и дистрибуција до регистрираните жртви на семејно насилство, кои се меѓу најранливите во општеството за време на кризната состојба.

Која нагласи дека рестрикциите на движење на глобално ниво придонеле за пораст на семејното насилство, поради што Мисијата на ОБСЕ, заедно со МТСП и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство работат заедно при справувањето со овој предизвик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Меркел повика на глобално заедништво во борбата против Ковид-19

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk