ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид -19: 45 оздравени, еден починат и 15 нови случаи

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во последните 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19.

May 2, 2020 14:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Четириесет и пет оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 19 се во Скопје, 25 се во Куманово и едно лице е во Прилеп.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19.

На оваа клиника, како што соопшти Министерството за здравство починал еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април. Испишани се осум пациенти, а во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и еден критично болен пациент на механичка вентилација.

 

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово седум, во Прилеп четири, во Тетово еден и во Струга еден.

Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е  најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.

Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 509, Куманово – 400, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –157, Тетово – 85, Струга – 67, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5 , Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2,    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1 и Виница – 2.

Направените 199  теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  – 10 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16997 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на Ковид-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста, нема некаква неправилност во однос на набавката за респиратори

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk