И покрај тоа што нема никаков случај, ниту пак некаква неправилност во однос на набавката за респираторни машини, ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со бесмислени прес конференции, реагираат од Министерството за здравство.
„Единствена намена на овие прес-конференци е да одржуваат во јавност непостоечка тема и да ги манипулират граѓаните. За каков криминал или неправилност зборува ВМРО-ДПМНЕ кога набавката за респиратори воопшто не се реализираше откако компаниите се откажаа заради тоа што не можат да го испорачаат договреното?
На сите им е јасно дека набавка на респиратори во овие моменти е исклучително тешка заради дефицитот на машини во светот. Откажувањето на компаниите во вакви тепки услови за работа и дефицит не е ништо чудно или неочекувано.
Што точно проблематизира ВМРО-ДПМНЕ очигледно не знаат ни самите.
Министерството за здрваство во целост ги демантира овие шпекулации кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста. Апелираме да престанат со замајување на јавноста и слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај.
Министерството за здрваство работи транспарентно и стоиме на располагање на сите институции кои сметаат дека треба да истражуваат“, се вели во соопштението на МЗ.