ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Живковиќ: Нема да дозволиме злоупотреба на мерките за помош, тие се за спас на работните места

Државата се погрижи секторите кои беа најмногу погодени да добијат соодветна помош со која ќе се задржат работните места а компаниите ќе успеат да се вратат во нормала со повторното заживување на економијата.

May 2, 2020 10:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Го дочекавме празникот на трудот, Први мај, во услови како никогаш досега. Целиот свет се бори со невидливиот непријател наречен Ковид-19. Прекинати се работните процеси на голем број на фирми – милиони работнички и работници ширум светот седат дома и се придржуваат на правилата за социјално дистанцирање, изјави Милан Живковиќ од СДСМ на денешната прес конференција. „Како држава реагиравме брзо, а институциите одлучно и дисциплинирано се носат со одговорноста за справување со ризиците кои ги носи Ковид-19. И кај нас дел од преземените мерки беа во насока на прекинување на работните процеси – во некои сектори тоа значеше целосен прекин на функционирањето а во некои само парцијално. Некои од компаниите го трансформираа начинот на работење и воведоа „работа од дома“ – некои од компаниите отпочнаа проекти за реновирање на своите капацитети или пак за трансформација на постоечкото производство во она што е сега есенцијално за пазарот во моменти на криза – а некои од компаниите покажуваат и раст во своите приходи.

Граѓанките и граѓаните со почитување на мерките за социјално дистанцирање се солидаризираа со сите оние кои се во првите линии на борба со вирусот. Многу фирми од технолошкиот сектор изнајдоа креативни начини како да изработат заштитна опрема за нашите здравствени работнички и работници и многумина од нив тоа го направија бесплатно. Голем број на фирми и индивидуи донираа храна за најзагрозените семејства. Државата се погрижи секторите кои беа најмногу погодени да добијат соодветна помош со која ќе се задржат работните места а компаниите ќе успеат да се вратат во нормала со повторното заживување на економијата. Се подржаа и лицата со нетипичните форми на вработување (уметниците од независната сцена, спортистите) а одлучно се пристапи и со обезбедување на финансиска поддршка во висина на минимална плата во секторите кои беа најпогодени од кризата“, изјави Живковиќ.


„Наша цел како одговорна партија е сите работодавачи да успеат да ги задржат сите работнички и работници и покрај отежнатите услови на функционирање. Во јавноста познати се многубројни примери на работодавачи кои и со приходи од нула денари во овој период, објавуваат дека нема да го намалат бројот на вработените – и тоа е за почит. Успешните работодавачи знаат дека работничките и работниците се тие кои се лицето на фирмите – успешните работодавачи знаат дека работничките и работниците се тие кои се двигателите на напредокот во фирмите – успешните работодавачи знаат дека само со заемна поддршка може да има одржлив развој во фирмите. Добрите и прогресивните работодавачи свесни се дека без разлика дали ќе добијат помош од државата, фирмите треба да им останат верни на своите работнички и работници и во услови на криза! А државата дополнително ќе им помогне на оние кои вложуваат во човечките ресурси во своите фирми!

Но тоа не значи дека нема да има работодавачи кои ќе се обидат да ги злоупотребат мерките за финансиска поддршка на фирмите вклучувајќи го и делот за евентуалното намалување на бројот на вработените. Синдикатите и здруженијата на граѓани кои се борат за работничките права веќе ја посочија опасноста од можни негативни ефекти од овие одредби – од прекинување на договори за вработување на неопределно време до присилно префрлање на договори за вработување со неполно работно време. Тука сме да им кажеме на сите дека злоупотребите нема да се толерираат! ЗАЕДНО ќе застанеме против искористувањето на трудот и ЗАЕДНО ќе се бориме против нехуманиот однос на мал број на работодавачи кои се лош пример за сите оние кои ја покажуваат солидарноста во овие тешки времиња. Нема да дозволиме отпуштања за фирмите да ги намалат трошоците – нема да дозволиме отпуштања за фирмите да го зголемат профитот.

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во овие тешки денови, сакаме да ви се заблагодариме за напорите што ги правите, за истрајноста што ја покажувате и за солидарноста која ве краси. Да продолжиме заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет и сигурно ќе ја извојуваме најголемата победа со тоа што ќе ги задржиме работните места на сите“, рече Живковиќ.

Next Post

12: Шест градови без Ковид-19, лага е дека Шилегов отстранува канделабри, надвор од ЕУ нема Македонија

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk