КРИВАТА на излекувани пациенти од Ковид-19 стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од корона вирус бројките се исклучително охрабрувачки.
ЦИВИЛ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Работевме на креирање медиумска платформа која е слободна, независна и отворена. Организацијата се реши на овој потфат во услови на медиумски мрак, кога режимот ги претвораше новинар(к)ите во држачи за микрофони, а медиумите во своја пропагандистичка и националистичка огласна табла.
КОСТОВА: Корона вирусот ни покажа колку е важна слободата на медиумите.
ТРИЧКОВСКИ: Медиумската слобода е апсолутна!
НЕЗИРИ Џелал: Онаму каде што нема слобода на медиуми, нема ниту индивидуални слободи.
ДУВЊАК Гордана: Останува надежта дека ситуацијата нема да се злоупотреби за кршење на принципите на транспарентност.
ЈОВАНОВИЌ Мирослав: Борба меѓу елементарната потреба на човекот за вистина и оние кои сакаат да ја инструментализираат за свои цели.
ПРЕКУ креативно видео со извадоци од некои од најпопуларните филмови, Сашко Потер Мицевски во обид да ја покрене иницијативата за повторно отварање на кино сала во Штип.
ИНИЦИЈАТИВАТА НаТочак – NaTochak во видео комуникација со министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, изнеле неколку идеи за тоа како да се подобри животот во пост-ковид периодот и следејќи примери од други земји за регулација и измени во сообраќајот, да се намали загадувањето.
БРОЈОТ на отпуштања поради кризата предизвикана од Ковид-19 досега не е драстичен, а лицата коишто останале без работа веќе поднеле барања за користење на надоместок во случај на невработеност, или за влез во системот на социјална заштита согласно условите коишто ги исполнуваат, вели вицепремиерката Мила Царовска.
ГРАЃАНИТЕ и натаму во големо мнозинство им даваат поддршка на рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење, кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
СПОРЕД последните податоци, во светот со корона вирус досега се заразени 3.531.120 лица. Од нив починале 246.825, а оздравеле 1.131.423 луѓе.
А. Н. С.