ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Поднесени 3.900 барања за користење на надоместок во случај на невработеност

Досега се решени 1.800, а 1.900 се во обработка, додека само 100 се негативни што значи дека има поднесено ваков тип на барања и позитивно се решаваат во најголем дел и тој систем на поддршка си продолжува за работниците

May 3, 2020 19:14
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на отпуштања поради кризата предизвикана од Ковид-19 досега не е драстичен, а лицата коишто останале без работа веќе поднеле барања за користење на надоместок во случај на невработеност, или за влез во системот на социјална заштита согласно условите коишто ги исполнуваат. истакна заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Таа наведе дека во Агенцијата за вработување се поднесени околу 3.900 барања за користење на надоместокот во случај на невработеност.

– Досега се решени 1.800, а 1.900 се во обработка, додека само 100 се негативни што значи дека има поднесено ваков тип на барања и позитивно се решаваат во најголем дел и тој систем на поддршка си продолжува за работниците, рече Царовска.

Вицепремиерката истакна дека тоа укажува дека системот повторно ги превзема граѓаните и оти државата има одредена заштитна функција. Исто така, како што појасни Царовска, тоа е показател дека системите се подготвени да одговорат уште пред да ја имаме кризата, односно дека онаму кадешто ќе се јави предизвик одредено лице да влезе во длабока сиромаштија, заради невработеност, државата да излезе во пресрет.

– Замислете ги оние 12.000 стечајци сега да немаа никаков приход. Замислете ги оние 30.000 домаќинства во систем на социјална заштита се уште да беа на 3.000 денари, наместо денешните 10.000. замислете во март да престанеше да се издава енегетскиот додаток ќе имаа по 1.000 денари помалку… Мислам дека целиот систем досега поддржа голема група на граѓани и без кризата и сега затоа ударот по кризата ќе биде помал за овие граѓани, за коишто досега сме направиле одредено подобрување на живеењето. Да не зборуваме дека минималната плата ја качивме за 60 отсто и таа се одржува, и понатаму се што креираме, креираме да ги поддржи и компаниите да ги задржат работните места и работниците ако останат без работа да може системот да ги прифати, истакна Царовска.

Вицепремиерката рече дека во тек се разговори и консултации со синдикатите, граѓанските здруженија и преставници од Владата за да се направи баланс меѓу работодавачите и работниците во уредбите коишто ги носи Владата.

– Целта е двете страни да имаат придобивка од мерките коишто ги носиме и јас сум сигурна дека ќе постигнеме таков договор, се со цел да можеби одредена фирма досега ако отпуштила работници, да може да ги оствари субвенциите за да може да ги задржи останатите вработени. Секако и вработените да добијат одредени бенефиции или одредена поддршка од страна на државата, нагласи Царовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЦИВИЛ: Постигнувањата во областа на слободата на изразувањето се евидентни, но придружени со низа слабости и предизвици

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk