ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Изборите ќе се вратат на почеток ако Уставниот суд го врати парламентот

Сѐ зависи од тоа дали стручниот колегиум на Уставниот суд в среда ќе ја прифати иницијативата за преиспитување на одлуката на пратениците да се самораспуштат, со цел на 12 април да се одржат избори. 

May 3, 2020 20:51
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Уставниот суд донесе решение за укинување на одлуката од 16 февруари за распуштање на парламентот, процедурите за спроведување на парламентарните избори ќе се вратат на почеток и ќе се остави простор гласањето да се реализира во редовниот термин, наместо да биде вонредно, стои во текст на 360.

Ваквата одлука ќе значи укинување на правните пречки за свикување на Собранието кое не заседава веќе три месеци, не учествуваше во процедурите за прогласување вонредна состојба во земјата два пати, според Уставот, законодавната власт има такви надлежности.

Сепак, сѐ зависи од тоа дали стручниот колегиум на Уставниот суд в среда ќе ја прифати иницијативата за преиспитување на одлуката на пратениците да се самораспуштат, со цел на 12 април да се одржат избори.

Ако колегиумот се согласи да ја разгледа иницијативата, тогаш, според информациите, треба да се определи судија известител, по што точката би била ставена на дневен ред на седница. Тогаш би се донела одлука дали ќе се поведе постапка за оценување на иницијативата, по што би следело и „судење“ и донесување конечна одлука што во практика би значела враќање на Собранието во функција.

Укинувањето на одлуката за распуштање на парламентот и враќањето на пратениците на работните места би значело и укинување на сите дејствија поврзани со изборите што беа спроведени од 16 февруари (кога беа распишани изборите), па до 22 март, кога изборите беа стопирани, со Уредба на техничката влада, пред почнување на кампањата. Со Уредбата се предвидуваше спроведувањето на изборните дејствија да продолжи веднаш по завршување на вонредната состојба.

Доколку партиите се согласат изборите да „останат“ предвремени, ќе треба да се носи нова одлука за распуштање на парламентот. Би следела и нова одлука на претседателот на парламентот за распишување избори – со нов термин за гласање, што би значело и враќање на почеток на сите изборни процедури, почнувајќи од увид во избирачкиот список до составување на кандидатски листи за пратеници, наспроти оние кои веќе беа утврдени на 13 март. Со оглед на уставниот рок од максимум 60 дена од распуштање на парламентот пред избори, сѐ уште има простор парламентарните избори да се одржат во текот на летото, односно пред можниот нов бран на корона вирусот.

Втора опција е изборите да бидат редовни, за што термините почнуваат да течат во почетокот на октомври, со оглед на тоа што на 30 декември годинава ќе се заокружат точно четири години од конституирањето на овој собраниски состав.

 

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи

June 8, 2025

Од утре пад на температурите и услови за пороен дожд и грмежи

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk