ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Макрадули: Може секој петок да се работи од дома, а среда да е ден без автомобили

Иницијативата #НаТочак денес, во видео комуникација со министерот за животна средина, Јани Макрадули, разговарале за мерки кои охрабруваат возење велосипед и влијаат позитивно на животната средина.

May 3, 2020 19:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата НаТочак – NaTochak во видео комуникација со министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, изнеле неколку идеи за тоа како да се подобри животот во пост-ковид периодот и следејќи примери од други земји за регулација и измени во сообраќајот, да се намали загадувањето.

Од иницијативата пишуваат дека се изненадени од идеите и просторот за соработка кој им ги понудил министерот, притоа додавајќи дека досега не сретнале министер кој, како што велат, во ваков кризен период гледа шанса за поинакви политики.

Некои од овие предлози од НаТочак биле доставени и како барања во предизборието.

Конечно да доживееме политичар да има попрогресивен предлог од граѓанска иницијатива.
Браво!

Се надеваме дека на истата линија е сегашниот Министер за животна средина, Министерот за здравство, градоначалниците. Ова е прашање и од доменот на заштита на животната средина и од доменот на унапредување на јавното здравје.

Ден без автомобили не значи запирање на движењето како во време на полициски час. Значи запирање само на автомобилите. Но она по што е ист со полицискиот час е што можеме да ги чуеме птиците и што можеме да земеме оддишка во сопствениот град.

Комбинирање на најдоброто од двете стварности.

Ден без автомобили значи значителен дел од градскиот простор во значителен дел од денот да е посветен на масовна рекреација на граѓаните, пешачење, трчање, возење велосипед, вежбање, дружење, маалски средби…
Ден без автомобили значи доближување на здравјето до секој граѓанин.

Нашиот предлог доставен до сите политички партии во март #ЦрвениВелолинии по повод тогаш предвидените избори вклучуваше Ден без автомобили еднаш на месечно ниво во ден од викендот, сабота или недела.

Варијантата со среда е похрабра и е подиректен поттик за промена на транспортните навики (до работа, школо итн.)

И среда и недела имаат свои предности. Кога да биде Денот без автомобили е прашање вредно за дискусија, но важно е што дискусијата е отворена.

Од кризата со корона-вирусот сфативме дека можеме полесно да го преобликуваме општеството отколку што сме мислеле, кога се има политичка волја.

Увидовме како е да се живее со помало загадување, помалку автомобили, помала бучава и не смееме да се вратиме на старо.

Треба да направиме промени уште поодлучно, уште похрабро!

Прогресивни политичари во светот ги увидоа нус-предностите на овој период и со соодветни политики почнуваат да креираат нова нормалност за пост-КОВИД периодот почнувајќи ВЕДНАШ.

Можеме!

Досега споделуваме само примери од светот со хаштазите #ПросторАнтиКорона и #ПросторЗаЗдравје и не сме разбрале некој политичар кај нас на ваков начин да гледа на овој кризен период како шанса за поинакви политики, па го поздравуваме излагањето на г-нот Макрадули.

Се надеваме нема да остане на зборови, туку ќе стане стварност, пишаа од НаТочак на својот Фејсбук профил.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

July 7, 2025

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

July 7, 2025

Диди добил стоечки овации во затворот по поволните пресуди

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk