ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати вели дека на дневниот ред за седницата која треба да се одржи оваа среда е предвидено разгледување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредната состојба од 18 март 2020 година донесена од Претседателот на Република Северна Македонија.
ШЕКЕРИНСКА: Врвна одговорност е државата да обезбеди целосно функционирање на своите институции и да се подготви за вториот бран на епидемијата. Веднаш штом ќе се создадат услови, штом епидемијата ќе даде шанса да организираме избори, тоа треба да го направиме.
СЕДУМ новозаболени од Ковид 19, активни 441 случај, еден починат и 47 оздравени е билансот од изминатите 24 часа, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
СЕ асфалтираат сите улици се отвора нова улица меѓу Хирушката клиника и Клиниката за стоматологија со што значајно очекуваме да се растерети гужвата. Се отвораат два нови влеза – еден сосема нов после повеќе од 50 години директно ќе води во Ургентниот центар на хирургија и уште еден влез и излез кај Инфективната клиника, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.
За СТРАТЕГИЈА за годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци ќе се зборува откако ќе има координација со соседните земји, рече министерот за здравство Венко Филипче
ЦРВЕНИОТ Крст е организација чија примарна цел е обезбедување средства и грижа за оние кои припаѓаат на најранливите социјални категории. Во време кога владее епидемија, ваквата помош е есенцијална за многу граѓани од сите овие категории и на таа тема направивме интервју со Александра Ристевски, Национален координатор на ПХВ Програмата на Црвениот Крст.
САРАЧИНИ: После години груевизам, денот на слобода на медиумите го дочекавме како медиумски најнеписмена земја во Европа!
ОВАА недела ќе се одлучува кога ќе започнат градинките со редовна работа, а наредна недела ќе се знае кога би се вратила јавната администрација на работа, изјави министерот Филипче на прес конференција.
ГЕРМАНСКИОТ туристички сектор процени денеска дека до средината на јуни поради забраната за патувања, воведена со цел да се спречи ширењето на пандемијата на корона вирусот, ќе загуби до 10,8 милијарди евра заработувачка.
А. Н. Стојчевски