ФИЛИПЧЕ: од 235 здравствени работници, кои се дијагностицирани од почетокот на епидемијата, 184 се оздравени и голем дел од нив се веќе вратени на своите работни места, што овозможи повеќе институции во коишто работата беше успорена, компромитирана или целосно не функционираа, веќе се целосно во функција.
ТЕХНИЧКИОТ министер за внатрешни работи, Наќе Чулев побарал да се ангажираат 80 полициски возила кај СЦ Борис Трајковски за снимање видео спот! Извори на Фронтлајн со видео потврдија дека на паркингот пред спортскиот центар навистина има собрано многу полициски возила.
ПОПЛАДНЕВО, во полициската станица Центар на распит бил припадникот на разузнавачката служба и поранешен советник на експретседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски, јавува А1он.
МИНИСТЕРОТ за образование Арбр Адеми, во емисијата ТопТема на Телма зборуваше за образованието кај нас во време на пандемијата, измените кои настанаа во образовниот процес, онлајн наставата, но и предлозите за начини на завршување на студентската година на факултетите во земјата.
РАКОВОДСТВОТО на МЗТ Скопје Аеродром денеска испрати конкретен предлог до кошаркарската федерација за начинот на кој тие сметаат дека би можело да се дојде до нов шампион и тоа во период од само еден месец.
СРПСКИОТ претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на 21 јуни 2020 година.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразиле 3.611.044 лица. Од нив починале 250.125, а оздравеле 1.170.500 луѓе.
А. Н. Стојчевски