Седум новозаболени од Ковид 19, 441 активни случаи, еден починат и 47 оздравени е билансот од изминатите 24 часа, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Повеќе од 50 здравствени работници од Куманово по два негативни теста се веќе се вратени на своите работни места, рече Филипче. Утре ќе има состанок со директорите на клиниките за постепено враќање на работата во нормала, со мали измени. Се отвора нова улица меѓу Хирургија и Стоматологија, и пат кој директно води до Ургентно.
„Категорички ги отфрлам наводите за еевентуална злоупотреба со тестовите. Утрово имавме состанок со Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје за подготовка на нов, надграден план за скрининг, за тестирање на граѓани кои се во одредена група која би можела да биде засегната од корона вирусот. …..Тестиравме пациенти коишто имаат симптоми а бројот на активни пациенти во земјава значително се намалува“; изјави Филипче.
Тоа што сега имаме помалку тестови е поради успешна стратегија на намалениот број на новозаразени“, смета Филипче.
„Во однос на градинките, утрово и за тоа дискутиравме на Комисијата за заразни болести, сè уште траат конултациите, а за истите ќе бидат известени и самите градинки за да се изготви посебен протокол. Свесни сме дека е навистина тешко а голем предизвик затоа што децата се најголеми трансмитери и многу е тешко некои правиа да се одржуваат во градинките. Сакаме да донесеме план кој што навистина ќе може да се спроведе. Дозволете во наредните денови кога планот ќе биде готов да кажеме кога и на кој начин градинките ќе почнат да работат“, рече Филипче.