„Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!“, напиша на Фејсбук заменик -министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Претходно Фронтлајн објави дека на нашитот репортер не му беше дозволено снимање на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски вечерва, за кој неофицијално се дозна дека министерот Чулев снима видео спот. Сепак, кратка снимка за настанот има.