Попладнево, во полициската станица Центар на распит бил припадникот на разузнавачката служба и поранешен советник на експретседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски, јавува А1он.
Според неофицијални извори, за Алексовски се води предмет по претходна пријава поради која бил повикан на распит во полициска станица, каде се задржал околу 2 часа.
Во моментот кога Алексовски излегувал од полициската станица, неколку полициски службеници го легитимирале новинарот кој требал да го снима, заради евидентирање на тоа кој се движи околу полицискиот објект. Исто така, службениците од полициската станица Центар дури и апелирале до медиумските екипи пред објектот дека е забрането снимање полицајци.
Дополнително, техничкиот министер за внатрешни работи до редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Наќе Чулев, при стапувањето на позицијата инсистирал разузнавачот Алексовски да биде дел од неговиот кабинет, на што се противела заменик-техничката министерка Славјанка Петровска.