Од неофицијални извори дознаваме дека техничкиот министер за внатрешни работи побарал да се ангажираат 80 полициски возила во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Причината за покренување на оваа претерана бројка од полициски возила не е, ни помалку, ни повеќе, туку за потребите на снимање видео спот!
Веднаш по добиената информација, се обративме до секторот за односи со јавноста на МВР со прашања за деталите за овој најнов подвиг на техничкиот министер Чулев среде вонредна состојба за спречување на ширењето на коронавирусот. Одговорот го очекуваме во најскоро време.
Џ. Д.