Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ гласно скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ во моментите кога вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска која им се извини на медиуите коментирајќи дека станува збор за политички мотивиран настан.
Навивачите продолжија да пејат патриотски песни по заминувањето на Шекеринска и придружувани од полицијата влегоа да положат цвеќе.
Непосредно пред владината делегација што ја предводеше Шекеринска, во „Свети Спас“ беше и делегација на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Христијан Мицкоски. Додека тој даваше изјава за медиумите, навивачите не беа присутни.
Извор: 360 степени