МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче ги соопшти најновите бројки на оздравени, новозаразени и починати пациенти од Ковид-19 во земјава за последното деноноќие.
НЕ постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието, едногласно одлучија судиите на Уставниот суд на денешниот работен состанок.
МИНИСТЕРОТ за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени.
ОСМАНИ: Бугарија беше една од тие што гласаше за започнување на преговори со ЕУ. Доколку сакаше да го попречи овој процес можеше да го блокира во март бидејќи без согласност на Бугарија ние немаше да добиеме одлука за започнување на преговори.
ОБЈАВЕНА е поштенска марка по повод членството на нашата држава во НАТО, објави на својот профил на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски, потенцирајќи дека таа ги отсликува собраната колективната меморија на граѓаните кои се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот.
САМОСТОЈНИОТ синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги осудува онлајн нападите и заканите на социјалните мрежи врз новинарот од ТВ24, Мишко Иванов, кои тој ги добил по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
ДВАЈЦАТА млади уметници Александар Наумоски и Ѓорѓе Јовановиќ им заблагодарија на оние кои се на првата борбена линија во ова време-невреме кога цел свет се бори против корона вирусот.
ФРИДОМ ХАУС: Северна Македонија бележи значителен демократски напредок, особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми.
ПРЕМИЕРОТ на Хрватска, Андреј Пленковиќ: Мартовската одлука за започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија ќе остане запишана во историјата како политичко наследство на хрватското претседавање со ЕУ, што претставува голема работа.
На СРЕДИНАТА на мај, грчката Влада ќе го соопшти планот за туристичката сезона, а ако сѐ биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели, ќе се отвори и туризмот за странци, согласно она што денеска го изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис.
А. Н. Стојчевски