ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

#НаукаЗаДеца – Научници и наставници со иницијатива за промоција на научна култура

Hаставниците се свесни дека сегашниот образовен систем не е создаден да поддржува образование на далечина, и наставните содржини треба да се прилагодат на новото време.

May 6, 2020 10:30
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

#НаукаЗаДеца е иницијатива која потекнува од група научници и наставници, но е отворена за сите. Тоа е некомерцијална иницијатива која промовира научна култура и ментална фискултура кај најмладите. Воедно, во моментов, може да послужи како извор на дигитални едукативни ресурси кои може директно да се искористат во наставниот процес.

Веб страницата ќе започне со работа денеска на пладне – http://naukazadeca.mk/

„Наука за деца” е под покровителство на граѓанската инцијатива Кантарот (http://qantarot.blogspot.com/).. На таа иницијатива се приклучи ОХО (www.oxo.org.mk) со цел да се поттикне дигиталната трансформација на македонското образование, и невладината организација ДИГ-ЕД (http://dig-ed.org/) чија мисија е да се промовираат дигитални ресурси во образованието.

– Коронавирусот нè натера сериозно да размислуваме за дигитализацијата на македонското образование. Во овој момент родителите разбираат дека децата имаат ограничено количество внимание во ситуација кога не се заедно со своите учители и соученици. Додека, наставниците се свесни дека сегашниот образовен системот не е создаден да поддржува образование на далечина, а сепак наставните содржини треба да се прилагодат на новото време. Токму затоа, научниците имаат шанса да промовираат и потпомогнат научна писменост меѓу најмладите, користејќи ги ресурсите кои се лесно достапни, велат претставници од граѓанската иницијатива Кантарот.

Посочуваат дека постојат три извори на информации кои се споделуваат на #НаукаЗаДеца.

– Во соработка со FuseSchool (https://www.fuseschool.org/) внимателно селектиравме видеа со содржини од природните науки, кои наставниците кои се приклучија на иницијативата ги анотираа и преведоа на македонски јазик. ОХО ги искористи преводите за да ги синхронизира видеата на македонски јазик. Научниците кои се приклучија на иницијативата креираат описи на научни експерименти кои можат да се изведат во домашни услови. Ги повикавме и студентите (прво на ФИНКИ, но повикот е отворен за сите) да креираат кратки видеа со експерименти што се направени во домашни услови и да ги споделат по социјалните мрежи со хаштагот #НаукаЗаДеца, велат тие.

Како што истакнуваат, планираат да преведат најмалку сто едукативни видеа. Дополнително, ќе имплементираат можност за поставување прашања поврзани со видеата, и одредување на местото на видеото каде што се наоѓа одговорот.

– Се надеваме дека бројот на експерименти ќе расте, и дека голем број на научници, наставници, студенти и научни ентузијасти ќе се приклучат на оваа иницијатива. Нашата желба е да се појават што е можно повеќе дигитални едукативни ресурси и содржини на македонски јазик, стои во соопштението од здружените организации. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Русија во последните 24 часа 10.599 заразени од Ковид-19

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk