ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Владата ја прогласи Шар Планина за Национален парк, а Осоговските планини за заштитено подрачје

Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V - Заштитен предел.

May 6, 2020 10:53
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter
Ми претставува огромно задоволство да ја информирам јавноста дека на вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија беа усвоени иницијативите на Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските планини.

Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.
Статусот на заштита беше утврден од страна на експертски тим кој спроведе студија за валоризација на подрачјата и со кои беше утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки.
Со прогласувањето на овие подрачја покрај тоа што ќе ги исполниме националните стратешки цели и меѓународните обврски за заштита на природата, односно пределската разновидност и биодиверзитетот, исто така ќе има бенефит државата, а посебно општините кои ќе опфаќаат делови од заштитеното подрачје и локалното население.
Со финализирањето на овој процес ќе се зголемат можностите за преку гранична соработка со соседните земји, посебно од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа. Истовремено, заштитата на овие подрачја значи и напредок во исполнувањето на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици.
Важно е да се напомене дека соодветното управување со заштитените подрачја значи искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги. Тоа подразбира заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје преку развој на екотуризмот, традиционалното земјоделие и овчарството.
Во нашата земја веќе има  национални паркови каде што локалното население непречено ги одвива своите активности, како на пример националниот парк Пелистер, и прогласувањето на заштитено подрачје не значи запирање на сите активности, туку контролирано, планирано и одржливо користење на природните богатства.
Сакам да информирам дека согласно законската процедура за прогласување на заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување, додаде Министерот Нуредини.
Овој чекор на Владата и прифаќање на предлозите на Министерството за животна средина и просторно планирање значи препознавање и заложба за заштита на нашите природни богатства за кои експертската јавност се заложувала преку 20 години, и оваа одлука е првиот и основен чекор за конечно прогласување на овие заштитени подрачја. Уверувам дека ќе бидат земени предвид сите барања од засегнатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување штети на локалното население, и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди и начелата на одржливост.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Герапетритис: Време е да ја преиспитаме основата врз која е создадена меѓународната безбедносна архитектура

May 15, 2025

Трамп: Разговорите со Иран се приближуваат до нуклеарен договор

May 15, 2025

Стармер од Тирана: Путин е тој што ги одолговлекува работите и предизвикува одложувања на прекинот на огнот

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk