Двајца млади уметници Александар Наумоски и Ѓорѓе Јовановиќ им заблагодарија на оние кои се на првата борбена линија во ова време-невреме кога цел свет се бори против корона вирусот.
На графитите кои ќе бидат сведоштво за едно време ги има исликано првоборците, лекарите, здравствените работници, новинарите, продавачите, хигиеничарите, полицијата….
Муралите се нацртани на кејот на Вардар кај хотелот Холидеј Инн, а според авторите на истиот, ќе има уште на три места.