ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Тито

May 6, 2020 09:02
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ на Фејсбук

Тито. Човекот што умре пред четириесет години е виновен за тревогата на луѓето што ги фаќа паника на помислата дека некоја независна анализа или играта на случајот и односот на силите можат да утврдат дека нивните баби биле „на ти“ со бабите на денешните Бугари. Тој е основоположникот на македонската нација. Не стенкајте, така беше. На неговата визија и борба како на фрижидерска врата ние ги лепевме магнетите на народната традиција со фолклорот, на можностите на првата држава што ја извојувавме под негово раководство, на слободата, на нацијата, на факултетите, на болниците, на црквата, на науката и уметностите, на фабриките и пругите, на хотелите и рестораните, на банките и институтите, на музеите и галериите…

Сета бронза и целиот Музеј на револуционерната борба против слободата, вредат помалку за реализацијата на македонското национално и државно прашање, од кондурата на неговата ампутирана нога.

Големото мнозинство Македонци, кои денеска се возбудуваат од ветрето што дува од кај Софија, десет пати на избори гласаа дека тој човек ги заебал и дека ги однародил, својата национална ренесанса, незабележана во светски релации, ја прогласија за србокумунистичко ропство и му ја предадоа државата и себе си на Злосторничкото здружение вмро-дпмне да ги прероди.
И тие ги преродија.
И кој курац сакаат сега!?
Се прогласија за негова жртва, за жртва на комунизмот.
А вмро побрза да ги врати во статусот пред да бидат жртва.
И сега-што!?
Ви го бараат назад апостолот што тој ви го донесе од Софија.
Јас навивам да ви го земет.
Тоа би била најблагата цена за пијанството што си го дозволивте со бандата која до националните дела би морала да има построг достап отколку короната до белодробните крила на човекот.
***
Југославија ја паметам најмногу по тоа што ни обезбедуваше некое чудно, но интензивно чувство на посебност. И кон надвор и кон внатре. Во земјата и во нас самите. Чувство на супериорност кое не извираше од највисокиот стандард, или од најголемата памет или од најголемата сила, туку од нешто посебно, тешко за дефинирање, но посебно. Меѓу двата света, Тој беше персонификација на таа посебност, на таа исклучителност. Од ништо да направи највелелепен подвиг земја со која луѓето се гордееја и ја почитуваа. За нас Македонците тоа беше контекст на исполнетост и сигурност во себе. На закрила кога ќе се јавеше судир со соседите. Бевме цареви. Оставете ги приказните на чипираните идиоти, бевме цареви.
И затоа е ред како нација да се извиниме за срањата што ги оставивме на историското гумно на кое тој не остави нас како леб. И да му одадеме почит.

Да, да, за Тито зборувам.

Нема друг таков.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk